Се ближи летото и големата топлина на летото многумина од луѓето ќе ги натера да се разладат во вода. Без разлика дали сте на базен, море или езеро, пливањето може да поттикне различни еротски мисли. Кога сте веќе во вода и сте практично голи, зошто да не се забавувате малку. Пред да се впуштите во ваков тип на авантура, треба да знаете дека сексот во вода можеби и не е така брилијантен како што звучи.
Изгледа како одличен начин да уживате во вода, но можеби и не е така безбеден.
Водењето љубов во вода звучи сензуално и може да биде многу пријатно, но треба да имате на ум дека ова не е најбезбедниот вид на водење љубов. Водата во езерото, морето, океанот, содржи голем број на бактерии. Односите во вода можат бактериите да ги внесат во вашата вагина, што може да доведе до инфекции, кои секако не ги посакувате воопшто. Од друга страна, водата во базените содржи разни хемикалии кои можат да доведат до иритација на вашите нежни делови.
Ако ги оставиме здравствените ризици настрана, самата логистика не ви оди од рака. Со оглед на тоа дека е многу важно да бидете влажни и “подмачкани” за сексот да биде вистинско уживање, сексот во вода може да биде прилично необичен. Всушност, водата ќе ги измие целиот природен лубрикант, и ќе бидете суви (да, може да бидете суви иако сте во вода).
Ако мислевте дека кондомот ќе може да ве ослободи од овие маки, се лажете. Водата и од кондомите ќе го отстрани целиот лубрикант, и повторно ќе дојде до сувост и тиење. Од ова триење кондомот може да пукне, а тоа никој не го посакува. Но, што е со сексот под туш или во када?
Не ви треба многу од бакнување да дојдете до секс под туш. Но, истиот проблем кој ќе го имате на море, ќе се појави и во када – природниот лубрикант ќе се раствори во водата. Ако сакате тоа да го направите под туш, водата исто така ќе измие сè. Единствено решение е тушот да го тргнете да не тече директно над вас. А тоа ќе направи да ви биде ладно, што и не е многу пријатно.
Вие во секој случај обидете се, но ако не ви оди, треба да знаете дека тоа е во ред. Немојте да чувствувате притисок, бидејќи во сите романтични филмови сексот во вода се претствува како нешто романтично и убаво. Ако не ви се допадне, едноставно забавата пренесете ја на копно.

You must be logged in to post a comment Login