Најдобар начин брзо да се опуштите и да се релаксирате е да си приуштите топла миризлива купка, која особено е лековита по напорниот ден на работа. Важно е да користите состојки кои ја негуваат кожата, а ќе ви помогнат и да се опуштите, бидејќи ја намалуваат напнатоста во мусклулите и поттикнуваат подобра циркулација. Вашата бања едноставно и брзо може да ја претворите во мал спа центар и да се препуштите на уживање.
Мед и лаванда опуштаат
Оваа купка е идеална за крајот на напорниот работен ден. Во неа брзо ќе се релаксирате и ќе ја повратите енергијата. Во топла вода додадете една шака сол, три лажици мед, етерично масло од лаванда и половина шолја млеко. Уживајте додека водата не почне да се лади, а потоа истуширајте се и намачкајте се со млеко за тело.
Лимунот буди енергија
Идеална е кога се чувствувате безволно, кога мислите дека немате доволно енергија. Наполнете ја кадата со вода, додадете шолја сол и омилената пена за капење. Потоа во водата ставете од 10 до 15 капки лимун и измасирајте го телото со луфа ракавица. На крајот истуширајте се и нахранете ја кожата со крема.
Купка на Клеопатра
Во сад помешајте половина шолја мед, исто толку млеко и лажичка бадемово или масло од јојоба. Истурете ја смесата во топла вода и уживајте додека не почне да се лади. На крајот покријте се со пешкир и почекајте кожата да се исуши, па намачкајте се со крема.

You must be logged in to post a comment Login