Неверојатна лебдечка куќа, која се наоѓа покрај еден од најубавите крајбрежни автопатови во Австралија. Ова е најфотографираната недвижнина во оваа земја.
“Куќата Јарбол” лебди на челична платформа над плажата, а погледот кој го нуди оваа куќа го одзема здивот.
Изградена е во 70-те години од минатиот век, а неодамна е реновирана во модерен стил. Просторот е отворен и простран со многу светлина.
Прозорите се поставени од подот до плафонот за ништо да не стои на патот на панорамскиот поглед. Иако е приватна сопственост, куќата може да се изнајми за 1.800 евра неделно.
Куќата по 40 години почнала да се распаѓа бидејќи била изградена од дрво. Со реновирањето е завршена одлична работа, бидејќи сега нуди уште подобар поглед.
httpv://www.youtube.com/watch?v=rFgNhoPUkYI

You must be logged in to post a comment Login