Уште од раното детство се развива склоноста кон читање. Дознајте како да ја отворите вратата на магичниот свет на книгите за своите деца.
1. Нека бебето ги засака книгите
Кога вашето бебе почнува да се движи о освојува се поголем простор во куќата, опкружете ја куќата со книги. Имајте книга во секој момент при рака и посветете се на читање на своето дете.
2. Истражете ги можностите на своето дете
Земете книга, отворете ја, пролистајте ја, затворете ја, и вратате ја на полица. Проверете дали и вашетот дете може да го повтори истото.
3. Правете и други активности кои се поврзани со книгата
Користете кукли и имитирајте го однесувањето на ликовите од книгите со нив, или со помош на коцки направете куќа за главните јунаци.
4. Покажете ја својата забавна страна
Внесете се во улога за време на читањето, менувајте ја бојата на гласот и глумите. Вашето дете ќе биде одушевено и заинтересирано за приказната.
5. Направете книга за своето дете
Искористете ги фотографиите од детето и напишете едноставни реченици.
6. Поврзете ја книгата со навиките на детето
Кога детето се облака или ги мие забите, прочитајте книга за таа активност и поврзете приказна.

You must be logged in to post a comment Login