Жизел Бундшен веќе седум години е на првото место на форбсовата листа на најплатени манекенки. Секако, магазинот оваа листа ја има составено според своите проценки, па Бразилката откри дека тука често и се претерува.
– Кога “Forbs” ме стави на листата за 2012/2013 година за наводна заработка од 42 милиони долари, даночната служба ме повика на разговор. Морав со нивните инспектори да поминам ни сите документи, бидејќи не сум платила данок на толкава сума. Едвај успеав да им објаснам, дека податоците на магазинот, кои се само нечија проценка, не можат да ги земаат како валидни. Секако потоа истрагата утврди дека својот данок уредно сум си го платила. Сепак не е лесно да си под “лупа” за таква астрономска цифра, и тоа да мора да го објаснувате” – кажува манекенката.
Таа не откри колку всушност заработила, но кажала дека добро заработува и не се жали.

You must be logged in to post a comment Login