Протеините се наоѓаат во храната од животинско потекло но ги има во многу други намирници кои можеме да ги јадеме во секојдневната исхрана.
Киноа – фантаситчен извор на протеин, здрав доручек со кокосово млеко и суво овошје или здрав ручек како веге бургер.
Леќа – лесно достапна и едноставна за припрема
Шејтан – преполн со протеини овој производ од пченица се препорачува посебно на спортистите, трудниците и децата. Има многу ниско ниво на јаглени хидрати и масти.
Грав – го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта и производството на инсулин.
Спирулина – плаво-зелена алга која содржи 60 проценти протеин, е вистинска состојка која треба да се најде во вашата секојдневна исхрана.
Семе од коноп – има совршен однос помеѓу омега 6 и омега 3 мастите и е одличен додаток за салати и оброци со житарки
Темпех – производ од ферментирани зрна соја, одлична алтернатива на месо.

You must be logged in to post a comment Login