Кај возрасните пречките во дишење најчесто значат настинка, но кога бебето има затнат нос, пречките се уште потешки, бидејќи не знае да дише на уста и има потешкотии при јадењето.
Зголемениот секрет од носот настанува поради намалена настинка. Имунолошкиот систем на детето не е сеуште созреан и неговата функција е слаба.
Што да преземете?
Со употреба на посебна пумпа за аспирација на секрет од носот, можете да го олесните дишењето на вашето дете, а ако тоа не успее, можете да пробате со употреба на физиолошки раствор кој ќе ви го препорачаат во аптека.
Постои и метод на инхалација, што овозможува влажнење на слузокожата и исфлрање на сувиот секрет кој создава пречки при дишењето.
Ако и покрај сите овие методи, носот и понатаму се затнат, педијатарот ќе препорача лекови кои го спречуваат слузот.

You must be logged in to post a comment Login