Подготовка:
1. 100 г. Брашно, 60 г. Шеќер, 4 матени белки, 100 г. Стопен путер, измешајте го во една смеса.
2. Со помош на лажица, смесата обликувајте ја во облик на тенка палачинка од 10 цм, и наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Печете ги на загреана рерна на 200 степени, 5-6 минути.
3. Кога краевите ќе заруменат, нежно, со помош на тенок нож, извадете ги, и префрлете ги на помала чаша, и додека се топли, краевите обликувајте ги во форма на корпичка со таласаст крај.
4. Оладените корпички наполнете ги со слатка павлака и украсете ги со овошје по желба.

You must be logged in to post a comment Login