Во деведесетите години на минатиот век беше една од најубавите жени во светот. Но и денес многу девојки би и позавидели на изгледот на 48 годишната Линда Евангелиста. Ова се тајните на нејзиниот младешки изглед.
Не е се во скапата козметика
‘’Јас сум опседната со производите за убавина. Користам се. Како модел научив дека чистењето на лицето е најважен чекор за нега на лицето. Во моментов користам влажни марамици за лице.’’
Ноктите секогаш треба да се уредни
‘’Почнав да правам маникир кога имав 12 години. Секогаш бев женствена девојка па сама научив да правам гел на нокти, како и акрилни. Многу сум добра во тоа.’’
Сама се нашминкав за фотосесија
‘’Можете да изгледате супер, па пак да изгледате лошо на фотографиите. Трикот е во мат кожата која лесно ја постигнувам со малку минерална пудра во прав’’.
Не е важно колку години имате, се додека изгледате здравo
‘’Најважна работа е грижата за себе. Обожавам да планинарам дури и кога е топло, а скијам кога е ладно. Во Нујорк вежбам јога и имам тренер кој ми доаѓа дома. Вежбаме кардио вежби, бокс, дигаме тегови… не можам да правам се во исто време.’’

You must be logged in to post a comment Login