Состојки:
-400 гр. мешани морски плодови
-400 гр. тестенини
-5 дл. неутрална павлака
-40 гр. пармезан
-3 парчиња лук
-1 лажица сецкан магдонос
-4 лажици маслиново масло
– кора од еден лимон
-мешан зачин, сол
Подготовка:
1. Белиот лук испасирајте го и кратко пропржете го на маслиново масло. Додајте ги морските плодови и се кратко пропржете.
2. Потоа додајте ја неутралната павлака и гответе на умерена температура додека морските плодови не омекнат.
3. Пред да биде готово јадењето додајте го пармезанот, магдоносот, кората од лимон и зачините по вкус па се заедно гответе уште две- три минути.
4. Тестенините сварете ги во солена вода со неколку капки маслиново масло, а потоа изцедете ги од течноста.
5. Сварените тестенини прелијте ги со сосот од морски плодови.

You must be logged in to post a comment Login