Анџелина и Бред поминаа цел викенд на одмор, овој пат без своите деца.
Славниот пар виден е во саботата додека влегуваат во еден познат хотел во Лос Анџелес, каде го поминаа остатокот од викендот. Парот беше некоку недели разделен поради професиналните обврски, па ретките слободни моменти решиле да ги поминат сами.
Популарниот глумец најголем дел од зимата го помина во Лондон, каде го снимаше новиот филм, додека неговата идна сопруга во Австралија го снимаше својот нов филм во кој таа е режисер. Во Австралија, Анџелина ја придружуваа нејзините шест деца.
Последен пат парот е виден заедно за време на доделувањето на Оскарите во Март.
Анџелина и Бред кој се верија во Април 2012 година, наводно одлучиле конечно да одвојат време за да ја испланираат својата свадба.

You must be logged in to post a comment Login