Дали сте традиционални или party girl? Храбра или по малку дрска? Да, да, тајната леѓи во капкејкот…
Скоро и да не постои личност која директно не се лансира на седмото небо во истиот момент кога ќе го вкуси омилениот колач! Понекогаш само еден единствен брауни е доволен во секунда да не орасположи и помогне да го поминеме тешкиот ден, но постои нешто што стои позади вашиот избор на идеален десерт. Верувале или не, омилениот колач може да открие по нешто и за вашиот карактер, а секако и да ви помогне да откриете по нешто за личноста која седи карши вас у ужива во својот колач.
Еве го нашиот мини водич во светот на психологијата на десерти:
Бисквит
Мора да признаете дека по малку сте тешка личност, или бар така изгледате за луѓето кои не ве познаваат добро.
Капкејк
Вие сте шик и софистицирани. Се трудите да изгледате добро во секоја прилика.
Сендвич кекс
Вие сте разиграна и забавна личност и баш не бирате друштво. Сепак, многу сте снаодливи и наоѓате решение за сите проблеми.
Колач со кикирики
Многу сте интелегентни, но исто и многу внимателни. Добро работите под притисок, и во кризни ситуации сте тпеливи и сталожени.
Разнобојни колачи
Најдобро се чувствувате во забавно окружување и обожавате да се дружите. Сепак, понекогаш сте склони на чести промени на расположението.
Медењаци
Вие сте по малку дива особа. Не се плашите да кажете на луѓето што мислите, и дефинитивно не се плашите да се борите за себе. Неверојатно сте храбри, но кога ќе се потрудите можете да бидете и многу пријатна личност.
Колач од овес и суво грозје
Вие сте традиционалисти па дури и малку стромодни. Не сте премногу авантуристи и најмногу сакате да седите удобно со книга во рацете и пред камин.

You must be logged in to post a comment Login