Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Кога би требало бебето да почне да пие вода?

Се подразбира дека за секое дете првиот пијалок, после мајчиното млеко, е водата. Меѓутоа, не се препорачува бебињата да пијат вода во првите месеци од животот

Мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна за бебето и треба да го конзумира во првите четири, па дури и до шест месеци. Во текот на тој период, здравите бебиња не треба дополнително да пијат вода бидејќи мајчиното млеко им ја обезбедува потребната количина течност.

 dojenje002

Но, од петтиот или шестиот месец, кога детето покрај доењето почнува да јаде и тврда храна, вода може да му се дава со шишенце, лажичка или чаша, за да му ја намали жедтта. На тој начин, водата е првиот пијалок кој покрај мајчиното млеко и млечната каша, треба да му се понуди на бебето.

 Sreca009-670x446

Иако најчесто се користи превриена вода од чешма, постојат и вода во шише која е наменета за доенчиња, како и мешање на кашичките за бебиња. Педијатрите укажуваат на тоа дека водата во шише која се користи за подготовка на кашички за бебиња е строго контролирана  и не е потребна да се преврива.

Затоа, природната негазирана минерлана вода, полнета од извор во стерилни услови е погодна за доенчиња и мали деца за пиење, подготовка на детска храна и готвење. Таа вода, исто така содржи и поволен состав на минерали и електролити кои се пак погодни за подготвока на млечни оброци и ја имаат пропишаната вредност во готовата храна за бебиња.

 Beba

Природната негазирана минерална вода може да се користи и за подготовка на првите зеленчукови и овошни кашички, готова детска храна и подоцна за подготовка на месни, рибни и кашички од житарици. Недоволно развиената свест за внесот на вода во организмот сè повеќе е присутен кај возрасните и затоа е препорачливо децата да се навикнуваат на редовно конзумирање вода уште од првата година.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement