Сакате уште еден изговор да уживате во префинетиот вкус на виното? Можеби лековитото дејство е вистинската причина…
Веројатно веќе знаете се за виното и редовно уживате во овој божествен напиток. Но она што не сте го знаеле е дека конзумирањето на вино помага во борбата против рак. Новите истражувања покажаа дека антиоксидансите од виното можат да го блокираат растењето на најсмртоносното оболување, рак на белите дробови.
Истражувачи од Онтарио од Brock University и McMaster University, проучувале различни врсти на вино и нивното влијание на растот на малигните клетки на ракот на белите дробови. Утврдиле дека црното вино ги инхибира клетките на ракот во концентрација од 2%, а белото вино го прави истото во концентрација од 5%. Виното направено од грозје од сортата Pino noar е најдобрата кочница во спречувањето на клетките на ракот.
Ова е прва студија која користела антиоксиданси од вино, а не синтетичка верзија на антиоксиданси за да ги испита ефектите.

You must be logged in to post a comment Login