Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Трендови и совети кои морате да ги пробате овој месец …

Сосема природно

Сакате да нагласите одредени делови на лицето, но не ви се допаѓаат дебели слоеви на тешка шминка на вашата кожа која изгледа премногу нападно? Следете ги триковите со кои познатите познатите шминкери ги разубават холивудските убавици: Нанесете тенок слој на течна основа, коректор на очните капаци и подочници, очите нагласете ги со тенка линија на црн молив за очи и со двоенслој на маскара, и усните нагласете ги со прозирен сјај (ултра сјајната формула на усните ќе ви обезбеди неверојатна исполнетост).

 

Уште посочни усни

Ништо не може да ја уништи вашата убавина како суви испукани усни. Откријте зошто вашите стануваат такви во овие ладни зимски денови и како да се задржи нивната виталност и мекост.

Дали пилингот за лице го користите за чистење на вашите усни? Ако одговорот е да, ве советуваме да запрете, бидејќи неговата формула е агресивна за деликатната кожа на усните. Доволно е при перењето на забите нежно да ги протриете усните во кружни движења .

Дали користите производи кои визуелно ги зголемуваат усните? Разбираме , ако сте ” навлечени ” на кармин и сјај со оваа функција, но ако вашата кожа е сува и имате испукани усни, треба да се откажете, бидејќи нивната формула е силна и може да предизвика иритација.

Дали во стресните ситуации ги лижете усните? Обидете се да се ослободите од оваа навика, затоа што не само што ќе го отстраните слојот на балзам која сте го аплицирале, тоа дополнитено ќе предизвика натамошно сушење.

Дали користите соодветен балзам? Кога го бирате не водете се од мирисот, но од составот. Изберете формула со пантенол, збогатен со витамин Е.

Нови миризливи стратегии

Од познатата Коко Шанел научивме дека парфемот се става на места на кои сакаме да сме бакнати. Но затоа што сакавме да слушнеме што другата страна има да каже на оваа тема, анкетиравме момци и побаравме од нив да кажат на кои делови од нашите тела претпочитаат да има мириси. За вратот гласаа 59 %, 34 % за косата,а 7 % за усните. Бидејќи сега знаете како да го привлечете со парфемот, следниот чекор е да ја изберете вашата мирисна комбинација и да уживате во магијата на заведување.

Ви откриваме како да зрачите со енергија , софистицираност и убавината на жадот. Прекријте ја кожата со мирис кој е инспириран од овој скапоцен камен . “Bvlgari Omnia Green Jade” зрачи so топлината на нежните пролетни цвеќиња, бел божур, воден крин и јасмин, а посветен  е на младите жени и на оние кои се полни со енергија и ентузијазам.

Цветот кој е неприкосновен симбол на женственоста е во срцето на “Ferre Rose Princesse” парфемот посветен на младите жени. Софистицираното розово шише ја крие магичната симфонија на цветните и овошните мириси кој зрачи со соништата и чувство на принцезата на новиот милениум .

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement