Презервативите кои бесплатно ќе се делат во Јужна Африка, посебно на факултетите, ќе бидат шарени, миризливи и убаво спакувани, а кампањата ќе се спроведува со цел да се намали бројот на заболени од вирусот ХИВ, соопштено е денес во Јоханесбург.
Забележавме дека сегашните презервативи се премногу долго на пазарот и повеќе не ги привлекуваат младите. Сакавме да го смениме начинот на дистрибуција на кондомите и амбалажата да биде попримамлива– изјавил портпаролот на Министерството за здравство, Џои Мајла.
Кампањата за делење на бесплатни презервативи стартува на почетокот на мај.
Според официјалните податоци, 6,4 милиони луѓе биле инфицирани со вирусот ХИВ во 2012 година во Јужна Африка. Тоа претставува 12,2 проценти од вкупното население.



You must be logged in to post a comment Login