Како што се приближува денот на свадбата, сите млади се под стрес поради желбата сè да помине совршено, онака како што отсекогаш посакувале. Не ни помисливме дека на младоженецот може да му биде многу потешко!
Според најновите истражувања кои се спроведени во Велика Британија дојдовме до заклучок дека младоженецот е повеќе под стрес кога ја врзува вратоврската, отколку целосната подготовка на свадбата.
Кога би го прашале новиот пар да оцени некои од настаните од животот, почнувајќи од најстресниот, на прво место би им била свадбата, потоа добивањето на бебе, селење, па дури и наоѓање нова работа. Дури 23% од мажите одговориле дека најтешко им паѓа свадбата (само 16% од жените го потврдија тоа).
Според ова истражување за младенците многу се стресни ситуациите како, составување на список за гостите, вклопување на буџетот без одрекувања од работите кои им се важни.

You must be logged in to post a comment Login