Бредли Купер наводно е повторно сингл, кружат гласини дека тој и Суки Вотерхаус ставиле точка на својата едногодишна врска.
Славниот глумец и британската манекенка почнаа да се забавуваат во март минатата година, а дека нивната романса е озбилна се покажа и кога заедно се појавија на овогодинешното доделување на оскари, поради што се очекуваше и наскоро да следи венчавка.
Сепак, према написите на порталот “ShowBiz Spy”, познатиот пар наместо тоа, раскинал. Иако не потврдиле, тие не ни ја демантирале оваа гласина. Оделни извори тврдат дека проблемите во нивната врска настанале бидејќи Бредли не сакал да помогне на својата девојка да го оствари сонот и да започне кариера во Холивуд како глумица, а и дека тој повторно се зближил со бившата девојка Рене Зелвегер.


You must be logged in to post a comment Login