Една од првите одлуки кои идната невеста ја донесува за време на планирањето на венчавката е изборот на боја – како цвеќето, украсите, поканите и другите работи потребни за церемонијата би биле во ист или сличен стил.
Feng shui боите имаат за цел да создадат хармонија на денот на венчавката, притоа имајте ги на ум следниве совети кога ќе го планирате големиот ден.
1.Црна и бела
Традиционалната венчавка во црна и бела боја има посебно значење во Feng shui. Белата е јанг (машко), а црната е јин (женско). Тоа е комбинација на бои кои создаваат машко-женска хармонија, и е причина поради која, ако невестата носи бела боја, нејзината енергија е во хармонија со машката боја, а младоженец во црна боја е во хармонија со женската боја.
2.Божиќни бои
Црвената и зелената се воглавно поврзани со Божиќ. Доколку венчавката е околу Божиќ, можете да ја искористите оваа боја. Се верува дека комбинацијата од црна и црвена боја носи среќа и успех во брачниот живот.
3.Метални бои
Комбинирањето на метални бои создава среќа и хармонија. Метални бои се бела, сребрена, плава и златна. Исто така можете да комбинирате бела со жолта, што значи небо и земја. Комбинацијата на златна или бела со виолетова создава големо богатсво на енергија.
4.Лош избор на бои
Постојат неколку комбинации на бои за кои се смета дека носат несреќа на денот на венчавката. Па така не би требале да ги комбинирате црвената со плаба, а црната со метална боја. Комбинација на жолта со зелена или плава исто така не е пропорачлива.

You must be logged in to post a comment Login