1. Често пиење вода
Давајте му на вашето дете често вода, и тоа најмалку шест чаши дневно. Со тоа организмот се чисти, што позитивно влијае на имунитето. Покрај тоа течноста спречува запушување на носот и црвенило на грлото.
2. Свеж воздух
Носете го детето барем два саата дневно на свеж воздух. Во затворена просторија најлесно е да се добие настинка, бидејќи микроорганизмите се концентрирани на мал простор.
3. Многу витамини
Давајте му на детето барем 3 овошја дневно. Најдобри борци против настинка се јаболките, портокалите и кивите.

You must be logged in to post a comment Login