Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

ВО ПРАКСА ТЕШКО ИЗВОДЛИВО: Секси совети кои функционираат само во теорија!

Огледалата можат да ви го „зачинат“ сексот и да го направат повозбудлив, но исто така и да го упропастат уживањето.

Различни совети кои ќе го освежат вашиот сексуален живот звучат добро само во теорија, додека во пракса се тешко изводливи дури и опасни.

1. Секс пред огледало

Сексот пред огледало може да звучи многу возбудливо, но големи се шансите наместо да се сконцентрирате на партнерот и на уживањето, да поченете да размислувате како имате малку вишок во стомакот и сите оние изговори поради кои не сте отишле во теретана. Едноставно кажано, огледалата можат да ви го „зачинат сексот“ и да го направат повозбудлив, но истота така можат и да ви го упропастат уживањето.

2. Под туш

Заедничкото туширање како секси увертира е супер, но сексот под тушот е тешко изводлив. За почеток, повеќето луѓе немаат доволно големо туш кабина која би ви овозможила опуштено да се препуштите на страстите. Наместо тоа, најверојатно двајцата ќе морате да стоите, што и не е баш секси, и е прилично исцрпувачки. Освен тоа, секогаш постои можност да се лизнете.

seks-studenti-foto-thinkstock-1356527111-245881
3. Масажа со масло

Една од честите секси фантазии е предиграта која вклучува масажа со масло. Тоа прави кожата да сјае и да изгледа секси, но за жал, овие масла имаат грозен вкус и имате чувство како со саати да сте се потеле во сауна. Така, ги предизвикува оние чудни звуци, како вакум, секогаш кога вашите тела ќе се спојат.

4. Секс на плажа

Секс на плажа е веројатно една од најчестите секси фантазии. Има нешто романтично и возбудливо во тоа, но песокот може да направи неволја. Додека се препуштате во акција на плажа, големи се шансите песокот да заврши таму каде што не сакате. Инаку, песокот предизвикува триење, што може да биде посебно непријатно.

5. Домашно видео

Домашните секс снимки се многу популарни во последно време. Иако камерата многумина ги возбудува, освен што постои шанса вашата снимка да заврши некаде на интернетот, постојат и други причини зашто тоа не е добра идеа. Веројатно и нема многу да ве возбуди доколу седнете и ја гледате сопствената снимка.

6. Поза 69

За љубителите на орален секс, позата 69 делува како остварување на сонот. Меѓутоа наместо двајцата да уживате, завршува така што и двајцата ќе бидете полузадоволни од сексот затоа што неможете да се сконцентрирате на две стани истовремено. Од сето тоа, веројатно ќе осетите само болки во вратот.

seks-partneri-muskarci-zene-kola-1393277580-451219
7. Секс во кола

Сексот во кола на многумина им изгледа возбудливои, посебно на оние што сакаат да пробаат нешто ново. Замислете ситуација во која сте паркирале некаде, сте се префрлиле на задните седишта, и така возбудени, веќе десетина минути пробувате да пронајдете поза која ќе ви одговара на двајцата и брзо ќе ја приметите разликата помеѓу теоријата и праксата. Не постои начин удобно да уживате и двајцата во автомобил, освен ако возите тенк или некоја скапоцена лимузина. Да не зборуваме за тоа колку би ви го уништило сексот кога некој би ви затропал на прозорецот, додека вие сте страстно занесени.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement