Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

9 Причини поради кои хронично сте ненаспани

Постојат многу причини поради кои е важно да имате квалитетен сон. Не само што помага да останете витки туку и ги намалува ризиците од срцеви заболувања и инфаркт. Ако сте често ненаспани, можеби причина за тоа е некоја од овие нездрави навики:

Модерна технологија во кревет. Ако користите мобилен телефон или компјутер во кревет за да “спиете” на социјалните мрежи или сурфате на интернет, тоа може да го поремети биоритамот на вашиот организам. Немојте да користите никакви електронски направи 20 минути пред да легнете во кревет.

Не вложувате во спиењето: Стариот душек или перница кои се полни со прашина, можат да резултираат во несоница, болки во `рбетот и затнат нос. Менувајте ја перницата еднаш годишно и ослободете се од стариот, истрошен душек.

Јадете касно: Ако вечерате во доцните часови, може да имате проблем со варењето, поради што ќе останете будни во текот на ноќта. Ако ве мачат киселини или лошо варење на храната, подобро вечерајте порано и консумирајте полесна храна.

neispavanost-490x325

Бирате погрешни пијалоци: Одредени напитоци би можеле да бидат причина за вашето патење. Доколку кафето, алкохолот или некои сокови предизвикуваат несоница, намалете го нивното консумирање во најмала можна мерка.

Не можете да се “исклучите”: Константна грижа и размислување за обврските кои мора да ги завршите следниот ден може неповолно да влијаат на спиењето. Чувајте го роковникот близу до креветот за да ги запишете вашите обврски и потоа “исклучете” го мозокот.

Сакате попладневна дремка: Спиењето после работа може да ви се освети навечер кога ќе легнете во кревет. Ако го имате тој проблем, одложете го спиењето за вечерните часови.

Вашата соба не е оаза на мирот: Бучавата од улица, зуењето на компјутерот и домашни миленици во кревет може да ви го попречат сонот. Обидете се да отстраните од спалната соба сè што ви оттргнува внимание од спиењето.

Имате премногу енергија: Со вежбање во текот на денот може да се ослободите од вишокот на енергија поради која не можете лесно да заспиете. Направете дневен план за вежби според кои ќе се придржувате.

Не се опуштате: Добра книга, шолја чај или јога се одлични за опуштање пред спиење. Ќе ве ослободат од стрес и анксиозност и ќе ви помогнат брзо да потонете во сон.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement