Ако до сега не сте биле информирани, произведувачите на средства за лична хигиена, нега на бебиња и убавина не се двоумат кога во своите производи ставаат штетни хемикалии како парабен. Тоа е супстанца која предизвикува рак!
Кога купувате шминка и козметика читајте го составот на производот! Ако во себе има парабен, добро размислете колку тоа средство ви е неопходно, бидејќи во питање е предизвикувач на карцином.
Парадените се конзерванси, а се употребуваат за да се спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии, габи, затоа ги има во различни препарати. Нажалост, тие често се користат во декоративната козметика (кармини, пудри, сенки за очи, руменила, маскари), креми за лице и тело, средства за самопотемнување, пасти за заби и детска козметика…
Истражувањето во Голема Британија покажало дека просечна жена на дневно ниво нанесува околу 515 хемикалии во дезодоранси, креми и кармини, а во 90% од тие производи го има парабенот.
Со нивна честа употреба и фактот дека тие не се разградуваат во човечкиот органзам, туку се таложат околу коските, срцето и градите па така и настануваат разни форми на карцином. Наносење на дезодоранс која во себе има парабен, 20 до 60% преку кожата продира во органзмот и ги активира ќелиите на рак.
Парабен е пронајден во примероци од ткива од гради и тоа кај жена која години не употребувала дезодоранс, поради што се препорачува да се користат производи без парабен, траат пократко но се поздрави.




You must be logged in to post a comment Login