Според странските медиуми навидум идиличната врска на актерот Шон Пен и актерката Шарлиз Терон и не е толку голема како што изгледа. Шон наводно е виден со една млада француска актерка …
Врската која го изненади целиот Холивуд се чинеше дека станува се посилна, меѓутоа, кога камерите на папараците го фатија Шон Пен во друштво на дваесет годишната француската актерка Адел Ексаркопулус сите надежи за нивната врска паднаа во вода.
Ова не е прв пат Шон да биде виден во друштво на младата Адел и затоа сето ова предизвикува уште повеќе сомневања.
Според “Дејли мејл”, ова е втор пат тие да бидат забележани заедно, кога Пен ја изнесува младата актерка на вечера. Папараците дури фатија и бакнеж при разделбата.
Како на ова ќе реагира убавата Шарлиз која е во врскасо Пен од минатата година?

You must be logged in to post a comment Login