Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Победете ја несоницата по природен пат

Несоницата е пореметување кое остава големи траги на вашето тело, но и на вашата психа. Покрај тоа што не прави уморни, доведува и до намалување на концентрацијата, чувство на немање желба за ништо, но и зголем ризик од депресија. Ако патите од несоница, а не сакате да земате лекови, постојат неколку начини со кои можете да го решите овој проблем по природен пат.

Улогата на хормонот за спиење мелатонин е регулирање на циклусот за спиење и будност. Без него не би можеле да заспиеме. За време на ноќта нашето тело создава сератонин, хормон на среќа, и мелатонин, хормон за сон, но ако се разбудите и запалите светло, создавањето на овој хормон ќе престане. Затоа, следен пат кога за време на ноќта ќе се разбудите за да одите во тоалет, заборавете на светло.

woman-sleeping_2478592b

Еден од начините за зголемување на хормонот за спиење е зголемување на концентрацијата на супстанцата која учествува во создавање на сератонин, како што е 5-хидрокситрифтофан. Него го има во разни нутриенти, како фолната киселина, витамин В3, С, цинк и триптофан.

Избегнувајте стимуланси како што е кафето, поради количината на кофеин, исто така и газирани сокови, па дури и какао. Покрај тоа обрнете внимание и на внесот на шеќер, бидејки тој може да ја зголеми активноста на другите хормони како адреналин или кортизола поради кои не можете да заспиете. Па така кога ќе ви падне премногу нивото на шеќер во крвта, количината на овие хормони се зголемува.

Немојте ништо да јадете пред да идете да спиете, за да не останете будни поради стомачни тегоби, а исто така намалете го внесот на вода и други течности.

Дајте им можност на специјализираните снимки за спиење кои имаат смирувачки ефект, сличен на оној кој го даваат јога вежбите и медитацијата. Тивката музика може да го доведе вашиот мозок до состојба на длабока релаксација која обично ни се случува пред спиење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement