Младата холивудска икона на стилот, Blake Lively после паузата повторно се фати за сценарио и почна да го снима филмот ‘’The Age of Adaline’’, во кој ја игра главната улога, рамо до рамо со Harrison Ford.
Филмот кој во едно ги спои драмата и романсата, го претставува главниот јунак Adaline, која на 29 години доживува сообраќајна несреќа, после која престанува да старее. Бидејки случувањата се во првата половина на минатиот век, гардеробата на главниот јунак се во ретро стил и софистистицирани. Сите креации кои ги носи Blake во филмот се со потпис на нејзината омилена модна куќа Gucci.
Како права амбасадорка на брендот Gucci, младата глумица до сега ни прикажа неколку капути и фустани, докажувајки како овие безвременски парчиња облека совршено функционираат во сите модни декади.




You must be logged in to post a comment Login