Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Дизајнерката на венчаници Каролина Херера советува: 7 работи кои секоја млада жена треба да ги знае

Кралица на гламурот и елеганцијата, дизајнерката Каролина Херера, веќе со децении креира венчаници како од бајките за да го долови се она што една совршена невеста би требало да го има за својот голем ден. Кога е во прашање изборот на иделна венчаница, прочитајте што славната дизајнерка советува.

vencanica-490x520

  1. Основно правило е моделот и изгледот на венчаницата да го прилагодите исклучиво на себе. Онаа во која се осеќате комфорно и самоуверено е идеална. Трендовите не би требало да бидат примарни.
  2. Допушетете си магичен и неочекуван детал. Тоа може да биде накит, уникатен вел или украс за коса. Доколку сте похрабри, можеби прекроената венчаница од мајката да е баш идеална за вас.
  3. Кондурите никако не смеат да го одземаат вниманито од венчаницата, затоа избегнувајте гломазни, кичести и пред се неудобни потпетици колку и да се тренди. Кондурите се само алат кој ќе ви го олесни 24-часовното стоење во центарот на вниманието, затоа играјте на сигурно. Бирајте оптимална висина на потпетици и модел кој ја издигнува ногата.
  4. Екстравагантни, различни, шокантни невести, обично и во секојдневниот живот се модни играчи со јасна желба за драстичен исчекор. Доколку не сте склони кон модни експерименти, не посегнувајте кон нив ниту за денот на венчавката. Природно и едноставно е најдобро.
  5. Не претерувајте со деталите. Доколку сте одбрале гламурозна фризура избегнувајте голем накит и обратно. Сепак, кога е станува збор за накит, нешто со што никогаш нема да погрешите се менѓуши. Изборот е голем и лесно можете да ги прилагодите на остатокот од стајлингот.
  6. Бидермаерот не мора да биде во тон со венчаницата, бојата на кондурите или накитот, туку само исклучиво во тон со вашиот вкус и омилен вид цвеќе.
  7. Пред да почнете со планирањето на идеалната венчавка, прва точка од вашиот планер нека биде, да не си дозволоите нервирање и замарање околу ситници. Секоја мажена жена ќе ви признае како непланираните работи испаднале надојбри спомени.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement