Здраио и јаки нокти се главен дел од убавите раце. Сепак, ноктите често ги оштетуваме со гелови, лакови и недоволна нега.
Ако забележите дека вашите нокти пожолтеле, се двојат или пукаат, потребна им е дополнителна нега.
Ви го даваме рецептот за едноставен препарат кој ќе ги направи вашите нокти поцврсти.
Помешајте една лажица морска сол со една лажица сок од лимон и половина литар топла вода. Ноктите потопете ги во оваа течност и држете ги околу 15 минути. Добри измијте ги и потоа нанесете дебел слој хидратантна крема.
По купката, ноктите можете да ги измасирате со маслиново масло кое дополнително ќе ги хидрира. Постапката повторувајте ја секој втор ден во текот на две недели и наскоро ноктите ќе ви бидат здрави, јаки, сјајни и светли!

You must be logged in to post a comment Login