Секој четврти маж смета дека планирањето свадба е многу постресно за мажите одколку за жените, додека на жените поголем стрес им е селидбата и грижите околу породувањето, покажува американското истражување.
Дури секоја шеста жена сопствената свадба ја гледа како среќен момент, додека 23% од младоженците сметаат дека свадбата и сите пропратни договори претставуваат најтешка работа која некогаш ја направиле во животот.
Истовремено, за жените голем стрес е селидбата или бременоста. За припадниците на двата пола, пријателите и роднините пред свадбата се главен извор на стрес.
Поради сето ова дури третина од паровите пред самата свадба се под голем стрес и вообичаено имаат потешкотии да спијат и често се расправаат.
Кај другите животни промени, како раѓањето дете, жените се грижат оклолу самото породување и промената која ќе се случи со нивното тело, додека мажите се грижат поради потребата да го сменат животниот стил.

You must be logged in to post a comment Login