Дали сте знаеле дека во Индија, една млада дама не може да се омажи додека на ја совлада вештината за подготвување на совршен ориз.
Најдобриот ориз со долго зрно мора да биде растресит, така што секое зрно ќе се одвојува, и ако девојката во Индија умее да подгтви таков ориз, таа може да се омажи.
За да бидете сигурни дека вашиот ориз ќе биде растресит, прво измијте го добро во ладна вода, сè додека не видите дека водата која ја истурате не е целосно бистра.
Исцедете го оризот и истурете го во сад од средна големина. Ставете вода 2 см повеќе вода колку да го покрие оризот . Додадете малку сол. Полека загревајте ја водата и оризот, а кога ќе почне да врие, смалете на тивок оган така што водата само ќе струи. Нека биде добро поклопено.
За готвење на бел ориз ќе ви бид потребно помеѓу 10 и 12 минути. Кога ќе бидете спремни да сервирате, измешајте го добро со вилука за да се расздвојат зрната.

You must be logged in to post a comment Login