Американските и руските вселенски програми веќе со децении работат на подобрување на астронаутските одела, како би биле поподвижни, посигурни и опремени за итни случаи. Лесните современи одела сеуште се далеку од совршени, но постои голем напредок во текот на последните неколку децении, па е воочено колку експерименти и труд е вложено да некогашните обични одела станат практично елементи за научна фантастика.
Првото одело кое патувало во вселената било првенствено адаптирано за висока надморска висина. Рускиот астронаут Јуриј Гагарин за прв пат во вселената го носел SK-a оделото од 1961 година, а само месец дена подоцна сличното одело го пробал и американецот Алан Шепард. Неговото одело било малку повеќе прилагодено за удобност и служело и како резервен извор за кислород. Во подоцнежните мисии се вградувани супстанци кои овозможуваат за лебдење во случај на принудно слетување на водени површини.
Чекор напред направила NASA со посебен акцент на заштитата од метеорити, а секоја следна серија ја унапредувале со по некој додаток кој претходната серија не ја имала.
Еден од експериментите било оделото со течен воздух во ранец, кое вклучувало и превиткување во пределот на колената, што било погодно за флексибилно движење.
Претпоследниот прототип на Z-1 на кое е максимално работено за мобилност на сите зглобови и за поедноставно маневрирање. По позитивните реакции за визуелниот дизајн на Z-1 оделото, НАСА одлучила да сите љубители на нивната технологија и целокупниот вселенски систем одберат дизајн кој ќе биде следниот прототип Z-2. Она што е заедничко за сите, Z-1 прототипот е подвижноста. Ова одело поседува сегментирани набори во пределот на рамениците, лактовите, колковите и колената.






You must be logged in to post a comment Login