Јапонскиот социолог Тецуја Саито своевремено одржал духовито предавање под името “Сто најголеми заблуди на нашата цивилизација”. Почнал со заблудите дека кучето сака коска, машкиот мозок е поголем од женскиот па и тоа дека мажот е попаметен од жената, а завршил со информатичка заблуда дека функцијата help во современите компјутерски програми може да биде од голема помош. Да бил Саито и кинезиолог, веројатно би споменал и најпознатото за слабеењето дека салото од стомакот може да го снема со стомачни вежби.
Ако припаѓате на оние кои сеуште веруваат во овие работи, ќе морате да ја прифатите медицинската теорија дека салото од стомакот се намалува само со – математика: бројот на внесени калории мора да биде помал од бројот на потрошени калории и ако тоа не е така, ниту стомачни вежби не ви помагаат.
Сепак треба да се каже дека сите вежби кои ги зајакнуваат и ги активираат стомачните мускули имаан инзвонредно делување на правилната линија и помагаат за слабеење, иако директно не го намалуваат салото.
Педантните физиолошки тренери подсетуваат дека вежбите делуваат на подобро варење, стимулирајки циркулација во внатрешноста на дигестивниот состав поради разликата на притисокот помеѓу торакалната и абдоминалната шуплина, која кај овие вежби прави најизменични контракции и опуштања.


You must be logged in to post a comment Login