Џенифер Анистон минатиот месец го прослави својот 45-ти роденден и вели дека тајната на нејзиниот изглед е во тоа што не размислува колку години има.
‘’Навистина се трудам да не мислам на тоа колку години имам, да бидам искрена. Луѓето и онака се фокусираат на тоа и повеќе од што треба. Секогаш е важно да водите грижа за себе, без разлика колку години имате. И тоа секој ден, ако е возможно. Јас не сум од тие луѓе кој размислуваат каде ќе бидат за пет години. Никогаш не сум имала претстава за тоа, па затоа и помалку доживувам стрес’’, –изјави Џенифер
Таа вели дека не е воопшто тешко да го одржи младоликиот изглед.
‘’Не правам ништо лудо! Мислите дали ставам пијавици на лице?’’, кажа Џенифер
‘’Најмногу што користам е derma-roler. Tоа е како велосипед со иглички кои стимулираат колаген и помагаат препаратите кои ги користам да продрат во кожата’’

You must be logged in to post a comment Login