Адел е позната како ѕвезда која скоро никогаш не зборува за својот приватен живот и деталите за својата фамилија ги држи во строга тајност.
Затоа многу фанови беа изненадени кога на инстаграм објави колаж од фотографии од својот фамилијарен албум, меѓу кои и слика од нејзиниот 17 месечен син.
Поп ѕвездата на овој начин дава подршка на хуманитарната организација на нејзиниот партнер Сајмон Конецк, по повод светскиот ден на водата кој е обележан во саботата.
Фотографиите прикажуваат како нејзината фамилија ја користи водата во секојдневниот живот, па така е прикажано како Адел пие чај, става вода на кучето, нивниот аквариум и нејзиниот син со шише вода.

You must be logged in to post a comment Login