Богатството на Близериан се проценува на 100 милиони долари. Живее во вила која личи на онаа од Тони Старк, почнал да се коцка на воена академија, а кажува дека парите ги троши на провод, оружје, жени и на својот како што тој го нарекува лудачки „Forever Lifestyle“.
Ако сте имале среќа интернетот во некој момент да ви го претстави Ден Близериан, сигурно сте запамтиле кој е тој.
А ако не по името ипрезимето, го знаете како „Кралот на Инстаграм“, 33-годишниот професионален покер играч кој заработил многу пари на коцкање и карти, и кој ништо не препушта на случајноста кога е во прашање неговиот имиџ. Едноставно кажано, тој е скандалозен.
„Јас сум астронаут, глумец и шупак“ – кажува самиот.
Досега за него сме слушнале сешто: дека живее луд живот (кој им го бутка под нос на сите преку инстаграм), неможе без жени, журки и проблеми, па така до сега има преживеано два срцеви одари.
Богатството на Близериан се проценува на 100 милиони долари. Живее во вила која личи на онаа од Тони Старк, почнал да се коцка на воена академија, а кажува дека парите ги троши на провод, оружје,жени и на својот како што тој го нарекува лудачки „Forever Lifestyle“.
Во свое неодамнешно интервју за „AlllnMag“, кои пишуваат дека во прашање е човек кој заработил многу, без да освои ниту еден турнир во покер, а ни еден негов добиток (во сомнителни партии во кој се вложува во единици како што се вили и ферари автомобили) не може да се провери службено, тој открил уште нешто за себе. Самиот за себе си рекол дека е астронаут, глумец и шупак.
„AlllnMag“ го посети во неговата вила (каде што чива вкупно 97 пушки), во која во тој момент, сосема случајно, се одвивало снимање за Плејбој. А кога конечно, со каснење од четири саата од договореното време успеале да седнат и да разговараат со него, дочекале да ги слушнат интересните забелешки од играта која наводно му донела многу пари:
„Ја сум Бил гејтс во покерот. Дефинитивно не сум најдобар, но ни најлош. Ако гледате на покерот како на спорт од типот на безбол, тогаш се осеќам како да сум во школската лига. Но ако гледате на покерот како на работа, тогаш јас сум како Бил Гејтс затоа што имам заработено повеќе од 50 милиона играјќи покер. Кој друг направил нешто такво? – изјави л тој.
За фактот дека за него постои толкав интерес тој кажал: „Мислам дека тоа е природно. Го правам она што повеќето мажи би сакале да го прават. Во животот мора да го правите она што ве прави среќни. Некои луѓе ќе ви завидуваат, некои ќе ви замерат, некои не разбираат. Јас сум само тоа што сум“, а потоа објасни и зашто се фотографира толку често.
„Во животот имаш спомени. Бев 510 дена на SEAL обука и немам оттаму ниту една фотографија. Бев на многу забави за време на факултетот и немам ниту една фотка. Забораваш на тие работи. Претходно мразев да се фотографирам, но покасно ми беше криво што не го правев тоа“.
Сепак, тој тврди дека тоа не значи дека луѓето знаат кој е тој. „Луѓето не ме познаваат. Ме знаат од интернет, а тоа е дел од мене, а не јас во целина“.Ако само ги погледнете моите слики, ќе мислите дека сум тотално луд, затоа што објавувам баш такви работи и знам што луѓето сакаат да гледаат. „Мислам дека сум нормален типкој од време на време прави луди срања. Понекогаш се осеќам како 16-годишњак кој добил бланко чек и може секој ден да прави што ќе посака“, изјавува „кралот на инстаграм“,

You must be logged in to post a comment Login