Колку порано го научите вашето дете да ви помага околу куќните работи, толку порано ќе научи да се избори со посериозни работи кои со себе ги носи созревањето и растењето, поради кое ќе постане одговорен човек. Нема причина своето дете да го поддржувате со не работење и да го штедите од обрски. Научете го на одговорноста која во животот може да му биде само плус, никако минус.
Важно е на почетокот да не му давате нешто исцрпувачко, долги и тешки задачи бидејки во старт ќе ја изгуби желбата да научи било што. Постепено навикнувајте го детето и нема да верувате колку ќе сака да ви помогне. Сепак детето треба да свати дека не живее во хотел, дека во семејството во кое живее ској допринесува на свој начин.
Затоа навикнувајте го од самото детство да ја остави чинијата во садоперот, да го намести креветот или да ја смести својата облека во гардероберот. Истовремено е важно тоа што го прави да го направи добро, затоа немојте да се двоумите да го натерате да го направи тоа од ново,доколку не е добро направено.
Она што секако не смеете да правите да на својата ќерка или син да му нудите награди во замена за некоја работна обврска. Не ги уценувајте за ништо, но ако биде добар и го изработи тоа што сте го побарале, повремено заблагодерете му се со мал знак на внимание – омилено јадење или пита со вишни која толку многу ја сака.




You must be logged in to post a comment Login