Познатата холивудска актерка Деми Мур овие денови воопшто не е среќна…
Имено, 51-годишната актерка не се израдува на веста која деновиве кружи, а тоа е дека нејзиниот поранешен сопруг, Ештон Кучер и неговата сегашна избраничка, Мила Кунис, го очекуваат своето прво дете.
Според изјавите на неименуваниот извор, Деми е очајна бидејќи и таа сакала да има дете со Ештон додека тие биле во брак, но тој никогаш не бил заинтересиран за тоа.
„Додека Деми и Ештон беа заедно, изгледа не можеа никако да се договорат околу тоа. Таа многу сакаше тие двајца да имаат заедничко дете, а тој воопшто не беше заинтересиран. Оваа вест навистина ја погоди, а особено бидејќи Ештон не ја удостои јавувајќи ѝ се т.е. не ја извести дека Мила е трудна, туку Деми ја дозна веста како и сите други, преку медиумите“, открива изворот.
Средновечната актерка веројатно сѐ уште нема закрепнато од скорешниот развод, а дека суетата ѝ е повредена зборува и фактот дека таа никако не може да се помири со фактот дека Ештон ја замени за помалку успешна актерка како што е Мила Кунис.

You must be logged in to post a comment Login