Неколку дена откако се дозна дека Ким и Канје ќе ја красат насловната страна на “Вог”, прашината не стивнува, а се чини дека ниту една насловна не предизвика ваква бура од реакции.
Негативни коментари на славните личности, сатирични текстови, смешни фотографии и останато, се само дел од реакциите на светската јавност за насловната на Вог со Ким Кардашијан и Канје Вест.
Сепак, вистински хит на интернет е писмото кое го објави порталот Loveandkuckels. Се работи за шегобиен текст, кој предизвика смеа во јавноста, а ја пренесува реакцијата на Викторија Бекам за насловната страна на Вог.
Изгледа дека реакциите за ова нема скоро да престанат. Прочитајте го писмото во целост:
Драга Ана,
Што уште можам да направам?
Ги извадив силиконите од градите. Ги ишишав своите екстензии. Го извадив францускиот маникир и негувам природен изглед на кожата. Се преправам дека читам книги. Ветив дека нема да се смеам во јавност. Умирам од глад. Не јадам ништо освен грашок и чај од билки веќе три години.
Што уште можам да направам?
Јас сум икона на стилот. Секоја модна куќа сака да ја носам нивната облека. Сите од кралицата Ранија до Јоланда од “Домаќинките од Беверли Хилс” ја носат мојата гардероба. Таа ги смалува Том Форд фустаните да изгледаат како маички. Продава леопард панталони. Знаеш ли кој ја носи нејзината облека? Мојот трет асистент вели дека тоа го носи девојка која работи на каса во продавница за стара облека.
Знаеш ли што носев на кралската венчавка кога бев бремена во осми месец? Ја носев својата колекција. Носев син фустан во комбинација со Lobutin чевли. Сети се што носеше таа на Мет Гала балот. Носеше кауч!
Дали тие се парот за кој највеќе се зборува? Дејвид е меѓународна спортска ѕвезда, модел, филантроп. Нејзиниот тип носи предимензионирани маици и не може да продаде влезници за своите концерти. Он има златен заб, а граматиката му е лоша. Јас пеев во групата Spice Girls.
Што уште можам да направам?
Со почит,
Викторија

You must be logged in to post a comment Login