Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

4 намирници кои ја штитат кожата од сонце

Знаете ли дека сонцето не грее исто за време на пролета и летото? Епа некој згрешил или заборавил дека климатските промени ги трансформираа сите годишни времења, вклучувајки ја и пролета.

Овие денови додека чекаме официјално да почне еден од најубавите делови од годината, свесни сме дека сонцето грее како да е Јули, а не крај на Март. Иако сончевите зраци ни годат и развеселуваат, да се потсетиме кои продукти ни ја враќаат енергијата после претераното излегување на сонце.

Риба

Голем број на морски плодови содржат omega 3 масни киселини кои ја штитат кожата од сончевите зраци. Од нив најзначаен е лососот и другите црвени риби кои се богати со антиоксиданси. Исто така сите риби се богати со протеини и селен кои се одговорни за обнова на кожата.

dsc04488

Зелен чај

Можеби чајот не ви е на врвот на омилени напитоци во пролет, но би требало да биде. Зелениот чај содржи моќен антиоксиданс EGCG kој се бори против воспалението на кожата така што ги неутрализира тешките радикали кои го одредуваат нивото на ризик од воспалениа на кожата. Овој чај исто така ја намалува појавата на брчки, бидејки е богат со кверцетин кој ја штити кожата.

Вишна

Одличен предлог за десерт бидејки содржи мелатонин кој ја штити кожата од UV зраци и кој помага во намалување на воспалението на кожата, така што стимулира раст на нови клетки. Вишната е богата и со витамин С кој е од витално  значење за работата на  колагенот кој влијае за појава на брчки.

mushrooms

Печурки

Печурките содржат екстремно високо ниво на селен, минерал кој влијае на работата на пероксидазата, моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали. Не треба да го заборавиме ниту витаминот В кој исто така се наоѓа во печурките.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement