Покрај сите обврски, Kejt одличила сама да ги уреди десетте соби за спиење во нивната нова вила.
Kejt Midlton овие денови има полни раце работа. Војвотката од Кембриџ се пакува за службен пат во Австралија на кој ќе биде четири месеци, потоа дава совети на девојката на принцот Harry за официјалното појавување, бира дадилка за својот син, а сега дури ја уредува и новата вила која неодамна ја купија со William.
Kejt одлучила да не ангажира дизајнери на ентериер и сама да ја опреми вилата која има десет соби за спиење.
-Таа сака таа куќа да ја потсетува на дом, затоа реши сама да ја уреди- изјави неименуван извор.
Војвотката сама посетува продавници и купува мебел и теписи, а продавачите велат дека таа точно знае што сака кога ќе дојде во продавница.
-Многу е приземна, се однесува како обична млада девојка – наведува изворот

You must be logged in to post a comment Login