Новите анализи на DNK на Елвис Присли покажале дека кралот на рокенролот боледувал од хронична болест на срцето, според докторите рана смрт му била генетска судбина.
Генетска анализа врз DNK од прамен на коса од Елвис Присли покажал дека кралот на рокенрол бил „предодреден за рана смрт“, дека боледувал од хронична болест на срцето, која напредувала со неговата дебелина и зависноста од лекови, според пресметките неговиот животен век не можел да биде подолг од 42 години живот!
Овие тврдење се објавени од страна на Mарк Еванс и неговите соработници во емисијата “Dead Famous DNA”, која се емитува на британскиот Канал 4. Тие тврдат дека Присли имал хипертрофична кардиомиопатија, симптоми се аритмија, замор, несвестици и покачен крвен притисок.
И неговиот лекар е обвинуван за неговата прерана смрт. Се мисли дека за неговата смрт пресудни биле лековите во преумерни дози. Иако таа зависност дефинитвно придонела за лошо здравје, новите докази тврдат за грешка во DNK-та и дека рана смрт му била генетска судбина. Легендарниот пеач бил права темпирана бомба, тврдат Mарк Еванс и докторот Стивен Кингсмор.


You must be logged in to post a comment Login