Вашите мускули не се составени само од влакна и нерви. Тие се сложени ткива кои ви овозможуваат движење и во тој процес трошат калории и масти и ви даваат витка линија.
Еве уште неколку интересни факти за нив:
Водата учествува со 70% во вашите мускули. Затоа, кога вежбате, секогаш носете шише со вода за да останете секогаш хидрирани.
Мускулното ткиво претставува 35-40% од вашата телесна тежина. Имајте о тоа во предвид кога ќе застанете на вага.
На секој килограм мускул, просечна личност согорува повеќе од 100 калории.
Користењето на потешки тегови при вежбањето нема да ви ги направи мускулите посилни. За да го постигнете тоа, правилно изведување на вежбите и добрата кондиција се од пресудно значење.
Иако неможете да губите масни наслаги на места по ͈желба̎ но можете да тонирате т.е дефинирате одредена грипа на мускули. Работете вежби само за деловите од телото кои ви се ͈проблематични̎ и брзо ќе видите резултати.
За еден чекор, потребна е активација на скоро 200 различни мускули.
Вашите мускули ја помнат шемата на движење. Затоа, кога правите пауза од теретана, повремено направете неколку вежби за загревање, како би ја ͈освежиле меморијата̎ на мускулите

You must be logged in to post a comment Login