Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда учествуваат на конференцијата TED во Ванкувер. Парот доста има посветено време и средства за да се подобри животот на децата ширум светот, но ретко што изјавуваат за своите деца.
На конференцијата отворено зборувале за тоа како ги одгледуваат децата и при тоа да растат во една од најбогатите фамилии во светот.
Парот изјавил дека нивните две ќерки и син нема да живеаат по тактот на благодетните лични банкарски сметки и дека најважно им е да им обезбедат сјајно образование.
„Мораш да се погрижиш да добијат чувство за нивната способност да знаат каде ќе се движат в о иднинатаи што ќе работат“. Изјавил Гејтс.
Он изјавил дека како родител се потрудил да биде јасен околу филозофијата дека повеќе од неговите пари ќе одат во хуманитарни фондации.
„Сакаме да постигнеме баланс за да им овозможиме слобода за да одбеарат сами што сакаат да работат, но не на начин да ги опсипеме со пари да не одат нигде и да не работат ништо“.
На прашањето дека имаат доволно средства и покрај многубројните фондации,да ги направат милјардери, дали тоа е планот за нивните деца?
Гејтс одговорил одлучно и негативно. „Не. Мора да знаат дека нивниот труд ќе биде важен и значаен.“

You must be logged in to post a comment Login