Дадилката се води според принципот дека детето не смее да се тепа, но таа знае кого и кога да го удри ако затреба
Новата дадилка на принцот Џорџ, 43-годишната Марија Тереза Турион Борало, поминала низ обука која чини неколку илјади долари. Меѓу другото, таа вклучува и доста интензивни тренинзи за „мешана борба“.
Шпанката ја добила престижната работа откако досегашната дадилка Џеси Веб (71), која се грижела и за татко му на Џорџ, принцот Вилијам, заминала во пензија. Во строгиот избор можеле да поминат само оние со најсилните аргументи, а Марија Тереза дефинитивно ги има,
Дипломирала на Универзитетот Норланд во гратчето Бату во југо-западна Англија. Најважниот закон во тoа престижно училиште за дадилки на богаташи вели: „Детето никогаш не е лошо и забрането е удирање“.
Меѓутоа, истовремено дадилките се обучени и да удират, доколку има потреба – на пример во случај на киднапери. Како и сите останати ученици во Норланд, дадилаката на Џорџ ја поминала обуката за боречки вештини, при што се специјализирала за таеквондо.
Обучена е и со леснотија да избегне напаѓачи, а истовремено беспрекорно да ја контролира детската количка со бебето.
Освен тоа, дадилката Марија Тереза, која заради својот карактер пријателите во училиштето ја нарекувале „Света“, обучена е да вози автомобил со максимална брзина без разлика на временските услови. Причина? Папараците, се разбира.

You must be logged in to post a comment Login