Оваа диета ја пробале ѕвезди како Џенифер Анистон, Викторија Бекам и Гвинет Палтроу .
Основната идеја на диетата е да се намали внесувањето на ” кисела ” храна како месо, пченка, рафиниран шеќер, млечни производи , кофеин , алкохол … Се препорачува внес на т.н. ” базна” храна, со што се намалува киселоста во телото, како што се овошјето и зеленчукот.
Постојат неколку верзии на диети. Некои забележуваат сооднос од 80/20, или 80 проценти од дневната исхрана врз основа на овошје и зеленчук и 20 од зрна и протеини.
Позитивната страна на оваа диета е да се избегне шеќер, се препорачува намален внес на производи од месо , но бидејќи исто така препорачува избегнување на млечни производи, потребно е на друг начин да се обезбеди внес на калциум во телото.
Во суштина алкалната диета е да се одржува киселоста во организмот преку исхраната , иако овој процес е веќе направен и од самиот организам .
Основните правила за алкалната исхрана – диета е храна богата со овошје и зеленчук , внес на барем два литри течност на ден, растојанието помеѓу оброци треба да биде најмалку 3-4 часа, зрната се во комбинација со мед, избегнувате храна што е индустриски обработена , не се комбинираат месо и риба со леб, ориз или компири.

You must be logged in to post a comment Login