Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

4 совети за подолги нозе

Без оглед дали имате кратки нозе кои сакате да ги издолжите визуелно или сте долгоноги, па целта ви е дополнително да ги нагласите вашите атрибути, послушајте ги нашите совети.

Многумина од нас не се среќнички како Candice Swanepoel или Gisele Bündchen,  па да имаат прекрасни, витки, затегнати и особено долги нозе. Бидејќи самосожалувањето и кукањето не се во наш стил, се потрудивме да пронајдеме неколку трикови кои можат да ви помогнат барем визуелно да ги издолжите вашите нозе.

 2257-12041020035992

1. Избегнувајте чевли со ремче околу глуждот

Знаеме дека совршено одговараат со здолниште во крој на молив и дека се удобни и стабилни, но ременчињата визуелно ќе ги исечат вашите нозе, па тие ќе изгледаат пократко отколку што навистина се. Затоа носете чевли на висока потпетица во нијанси со боја на кожа и платформи кои ќе ги нагласат вашите глуждови, а со тоа и должината на нозете. Колку нијансата на чевлите е поблиска до бојата на вашата кожа, толку подолгоноги ќе изгледате.

2. Носете панталони или хеланки со иста боја како чевлите

Носењето на пантолони и чевли во иста боја визуелно ќе ги издолжи нозете бидејќи боите ќе се претопат, па границата меѓу панталоните и чевлите нема да биде толку видлива. Правилата за оваа илузија важи и за хулахопките доколку носите фустан, на пример. Ако е можно на некој начин, пронајдете идентична нијанса на чевли и долен дел на гардероба.

328723-13112010041548

3. Мини здолниште и жешки панталончиња со висок струк

Кратките работи се најдобри сојузници за визуелно издолжување на нозете. Затоа би требало почесто да носите кратки здолништа и панталончиња, само внимавајте на должината т.е. поради недостатокот на истата да не делувате невкусно облечени. Добар избор се кратките здолништа и панталончињата со висок струк, бидејќи сепак го покриваат телото малку повеќе од гардеробата со низок струк, која освен што знае да делува вулгарно, визуелно ја скратува фигурата. На секоја женска силуета, кога е во прашање должината на нозете, и импонира токму високиот струк. Освен тоа, виткоста и должината на нозете нагласете ги со пуфкасти т.е. здолништа во форма на балон или здолништа во слоеви, а избегнувајте припиени модели.

4. Бирајте чевли со шпицест врв

Чевлите со шпицест врв целосно визуелно ги продолживаат стапалата, но и нозете, па имајте барем еден добар пар во својот шкаф. Многу од светските ѕвезди не залудно ги одбираат токму ваквите обувки.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement