Научниците ги истражуваат тајните на какаото веќе долги години, но сеуште не сме 100% сигурни на кои се начини темното чоколадо е корисно за нашето здравје.
Сл1
Добрата вест е дека се повеќе студии покажуваат дека темното чоколадо не треба да го третираме како лоша навика. Бизнис Инсајдер состави листа од пет причини поради кои почесто треба да уживаме во оваа, на многу омилена, слатка.
Вистинското чоколадо не е „џанк фуд“
Постои „чоколадо“ и постои чоколадо. Во првиот случај зборуваме за слатко преполно со шеќер, а во вториот за еден од најдобрите природни антиоксиданси.
Вистинското чоколадо во најголем дел е составено од какао кое содржи флавонол, а тој е антиоксиданс. Вистина, чоколадото содржи и шеќер, но ако во овој десерт уживате со мера, нема потреба за брига. Важно е да се купува чоколадо кое содржи висок процент на какао, но не заборавајте дека чоколадото во тој случај ќе биде погорко. Некои стручњаци тврдат дека треба да се купува чоколадо кое има најмалку 70% како.
Чоколадна храна „добри бактерии“ во вашето тело
Научниците неодамна открија на кои се начини чоколадото го потпомага нашето здравје. „Тајното оружје“ се добрите бактерии во нашето тело. Тие бактерии се хранат со чоколадо и го ферментираат во протуупалниделови кои ја намалуваат опасноста од кардиоваскуларни болести.
Чоколадото е поврзано со нискиот крвен притисок
Едно истражување покажало како Куна индијанците кои живеат на мал остров во Централна Америка, благодарејќи на секојдневното уживање во какао успеале да одржат низок крвен притисок. Нивната тајна е пиење на 3 до 4 филџани какао на ден.
Конзумирањето на флавонол го намалува крвниот притисок, а денес постојат повеќе од 20 студии кои ја потврдуваат оваа теорија.
Чоколадо и недостаток на железо
Недостаток на железо е еден од водечките проблеми кога зборуваме за модерните прехрамбени навики. И додека никој не сугерира дека со шеќери богатата храна треба да ја користиме како примарен извор на хранливи материи, темното чоколадо е богат извор на железо.
Само заради споредба, 100 г спремен спанаќ има околу 3,5 мг железо, а 100 г темно чоколадо има дури повеќе од 10 мг.
Чоколадото ја намалува раздразливоста
Истражувањето спроведено кон крајот на минатата година покажа дека чоколадото ја смирува раздразливоста и го подобрува расположението.
Исто така, една поранешна студија, спроведена на 72 учесника покажа дека дневната доза на конзумирање полифенол (плочка од 40 г содржи меѓу 400 и 800 мг полифенол) позитивно влијае на расположението.

You must be logged in to post a comment Login