Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

Даниел Кајмакоски: Сонувам за светска кариера! (Видео)

Феноменалниот Даниел после победата истакна дека е повеќе од среќен што триумфираше во ова популарно шоу. Талентираниот Македонец во интервјуто за telegref.rs изјавил дека секако и во иднина ќе продолжи да се занимава со музика и да направи светска кариера како и тоа дека би сакал да учествува на Евросонг.

Се чувствувам фантастично и среќен сум. Верував дека можам да победам, иако конкуренцијата беше силна. Сите кои влегоа во суперфинале имаа подеднакви шанси за победа. Цел живот го чекав овој момент и сметам дека ова е само увод во нешто поголемо. Моите родители се мошни горди и драго ми е што се среќни – изјавил задоволно Кајмакоски.

Даниел смета дека клучот на неговиот успех лежи во тоа што тој верувал во себе и својот квалитет.

Најмногу го слушав своето срце и се препуштив на спонтаноста. Се трудев моето пеење да биде што подобро. Одев на се или ништо. Денес се чувствував феноменално, опуштено, без трема. За време на лајв емисиите немав своја публика, но денес ми изгледаше дека за прв пат цела публика ме подржуваше. Тоа ме опушти бидејќи знаев дека имам голема подршка – истакнува Стружанецот.

По повод својот ментор Даниел вели: Отсекогаш сакав да соработувам со еден таков музичар каков што е Жељко. Мојата победа е и негова заслуга. Тој беше одличен ментор, и бев пресреќен што работев со него – вели Даниел и додава дека би сакал да соработува и со останатите членови на жирито.

Вели дека би сакал да сними дует со Тамара, Илма, Алекс и Маид.

Една од големите желби на Кајмакоски е и песна за Евросонг, а како што вели, учеството на овој најголем музички натпревар за него би претставувало голема чест.

Тоа го посакував уште како дете. Гледав Евровизија секогаш и посакував еден ден и јас да запеам на таа сцена. Тоа е голема манифестација и јас би бил горд да ја претставувам Македонија, ако Македонија го побара тоа од мене. Би бил пресреќен и би дал се од себе на тој натпревар за да ја претставам мојата Македонија – вели нашиот Македонец и победник на регионалниот Икс Фактор.

Тој сонува и за светска кариера: Кој не би го сакал тоа? Отсекогаш сонувам за такво нешто. Не си поставувам граници дека тоа е невозможно. Секогаш мора да веруваш за да успееш. Решив да се борам секоаш до крај, бидејќи музиката е она што го сакам најмногу на светот.

Кајмакоски многумина го нарекуваат наследникот на Тоше Проески, но тој уште еднаш нагласи дека никој не може да се споредува со таа легенда.

Споредбата не ми пречи, бидејќи го обожавам Тоше. Но Тоше никој не може и нема да го замани.

Даниел наскоро ќе се пресели во Белград, а со останатите финалисти ќе тргне и на регионална турнеја. Исто така ќе биде и гостин на концертите на Лесиндриќ кои рокерот ќе ги одржи во САД.

httpv://www.youtube.com/watch?v=DxREYfQqQjU

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement