Нема добра скара без добра маринада. Направете ја оваа егзотична мешавина и оставете го месото да отстои преку ноќ.
Состојки:
- 2 лажици мед
- 2 лажици соја сос
- 2 кечап
- 2 сенф
- 2 лажици вочестер сос
- 2 – 3 капки табаско сос
- 2 чешниња лук
- Лажичка мелен бибер
- Лажичка мелен ѓумбир
- 2 лажички сол
Измешајте ги сите состојќи. Додадете го истолчениот лук.
Месото намачкајте го со маринадата, ставете го на ладно да преноќи. Печете го на скара додека порумени.
Месото свртете го кога едната страна ќе биде сосема печена. Се врти само еднаш. Сервирајте го со многу салата.

You must be logged in to post a comment Login