Според едно истжување, за да ја зголемат густината на своите коски жените треба да скокаат секојдневно, колку можат повисоко по 10 пати.
За време на едно четири месечно истражување, 60 жени на возраст од 25 до 50 години, ја зголемиле густината на своите коски за 0,5 отсто, така што секојдневно скокале 10 пати највисоко колку можат, притоа правејќи кратки паузи (30 секунди) помеѓу секој скок, објави весникот “American Journal of Health Promotion”.
Иако густината на коските највеќе се зголемува во периодот на адолесценцијата, процесот се успорува со текот на годините, а својот врв го достигнува во 25 година и потоа опаѓа.
Пет до седум години после менопаузата жената може да изгуби и до 20 отсто од густината на своите коски, а за да сето тоа биде полошо, колку жената е постара, помала е веројатноста дека ќе се занимава со активност која ќе ја зголеми густината на нејзините коски.
‘’Нашата студија покажа значајни предностите, поради кои жените мораат секојдневно да скокаат за да го постигнат резултатот. При тоа треба да имаат на ум дека жената со годините се потешко може да ја поправи густината на своите коски’’ , вели водачот на истражувањето Лари Такер.
‘’Во ова истражување не учествуваа жени кој боледуваат од остеопороза, бидејки скокањето во тој случај не се препорачува’’ , додава Лари


You must be logged in to post a comment Login